Овој „отров“ ги уништува вашите коски: Го пиете секој ден, а има штетни последици врз организмот

Повозрасните жени кои пијат премногу газирани пијалаци имаат поголема шанса за соочување со скршеници на колкот за разлика од нивните врснички кои пијат помалку газирани пијалаци, покажува новото истражување.

Научниците проучувале податоци од консумирање на газирани пијалаци и здравјето на коските кај 70.000 жени со просечна старост од 69 години. Половина од жените биле следени во текот на 12 години.

Кога научниците проучувале консумирање на газирани пијалаци, утврдиле дека кај жените кои во просек пиеле повеќе од 7 децилитри газирани пијалаци дневно има 26 отсто поголема веројатност за доживување на скршеници на колкот во однос на жените кои никогаш не пиеле газирани пијалаци.

А, жените кои пиеле над 7 децилитри дневно бескофеински газирани пијалаци имале 32 отсто поголема шанса за соочување со горенаведената ситуација.

„На база на нашите резултати ниското или умереното консумирање на газираните пијалаци не би го зголемило ризикот од скршеници на колкот кај жените во менопауза“, вели д-р Педро Кремер, водач на истражувањето и научник на Универзитетот Калифорнија во Сан Диего.

Во текот на менопаузата и подоцна, телото успорува да произведува коскено ткиво и жените се соочени со зголемен ризик на остеопороза. Кога коските ќе станат шупливи и кршливи, жените имаат поголем ризик од скршеници.

Претходни истражувања ги поврзале газираните пијалаци со помала густина на коските, а научниците ги објавиле резултатите во списанието „Menopause“.

Ризикот бил потврден и откако научниците ги зеле предвид и другите фактори кои имаат влијание на здравјето на коските и ризик фактори како лекови за остеопороза, дијабетес, внесување на кофеин, ниво на физичка активност, семејна историја на болести.