Овој канал е најпопуларната оаза за туристите, сепак – таму не може да се задржувате долго

Со желба да се направат убави фотографии за нa социјалните мрежи, туристите таму пристигнуваат од сите страни на светот, но овој канал не е наменет за тоа.

Солената пустина Боневил во северозападна Јута во САД е хит меѓу туристите веќе неколку години.

Google search engine

Станува збор за неверојатен простор покрај Големото солено езеро – најголемото природно солено езеро на западната хемисфера и едно од најубавите во светот.

Интересот на туристите за ова преубаво езеро во последната година е сè поголем.

Неодоливата боја на водата во каналот во контраст со белото опкружување создава совршена сценографија за фотографирање.

Иако истражувањето на необичните и скриени места им е омилена активност на светските патници, сепак важно е да се почитуваат правилата кои локалните жители ги имаат.

Синиот канал делумно се наоѓа на приватен посед, па така насекаде се поставени натписи за забрана за задржување на истиот и не смее да се посети без претходно одобрување од сопственикот.

Покрај тоа треба да се знае дека каналот не е природна појава, туку вештачки направен поради индустриски цели.

Имено, локалната компанија „Intrepid Potash“ го користи каналот за вадење на минерали. Иако водата не е отровна сепак истата не е наменета за капење.

Исто така локалните власти предупредиле дека некои делови од синиот канал можат да бидат нестабилни.