Доколку се согледуваат и загадувањето на воздухот и животниот век, но и влијаењето на пандемијата – изборот на најздравиот град на светот на некои луѓе навистина ги изненади.
Креаторите на сајтот „money.co.uk“ спровеле студија на тема – најздравиот град на светот. Секако, земен е предвид и факторот кој што веќе подолго време ги условува животите на сите нас – пандемијата на коронавирус.
Од друга страна, согледувани се и следните параметри: нивото на гојазност кај граѓаните, животниот век, трошоците за живот, нивото на загадување, просечен број на сончеви часа.

По деталните пресметки, истражувачите стигнале до топ 20 градови, а победникот е по малку неочекуван – Валенсија во Шпанија, пренесува „City Magazine“.
Медитеранскиот стил на живот, идеалната трпеза и клима, со одличната географска положба, кои што обезбедуваат ниска загаденост, го прават овој град најдобар во моментов.

Ова е листата на најздрави градови во светот:
1. Валенсија, Шпанија;
2. Мадрид, Шпанија;
3. Лисабон, Португалија;
4. Виена, Австрија;
5. Тел Авив, Израел;
6. Канбера, Австралија;
7. Токио, Јапонија;
8. Хаг, Холандија;
9. Љубљана, Словенија;
10. Цирих, Швајцарија;

11. Аделаида, Австралија;
12. Хаифа, Израел;
13. Порто, Португалија;
14. Рејкјавик, Исланд;
15. Темишвар, Романија;
16. Клуж, Романија;
17. Хелсинки, Финска;
18. Бурса, Турција;
19. Бризбејн, Австралија;
20. Копенхаген, Данска.


