Губењето на сетилото за мирис или вкус со сигурност е еден од симптомите на коронавирусот.
Коронавирусот зема сè поголем замав во светот, а исто така мора да споменеме дека има многу асимптоматски случаи, па така има и луѓе кои што го прележале вирусот, а тоа не го знаат.
Овие симптоми може да го докажат тоа:
Д-р Аткинсон тврди дека течењето на носот, болка во грлото и градите, затнат нос – би можеле да бидат благи симптоми на коронавирусот, меѓутоа многумина кои што ги имале овие симптоми едноставно ги препишале на настинка или пак некаква алергија.
Губењето на сетилото за мирис или вкус секако дека е симптом на коронавирусот, а може да се појави заедно со течење на носот, болка во градите и грлото.
Доколку имате или пак сте имале намален апетит, тоа може да биде поради коронавирусот. Д-р Аткинсон вели дека телото кое што е нападнато од Ковид-19 не може да прима многу храна во него.
Симптомите како кашлица, болка во градите и губење на здивот не се невообичаени за коронавирусот. Меѓутоа, кашлицата не мора нужно да се појави.
Доколку сте прележале коронавирус, а да не сте го знаеле тоа, не е чудно да сте уморни и да немате енергија затоа што вашето тело е исцрпено од борбата со вирусот.