Овие се најчуваните воени објекти во светот, имаат херметички врати тешки 25 тона и “дебели” еден метар (видео)

Командни пунктови, подземни бункери и тајни воени бази – постојат места на земјата за кои владите не штедат ниту пари ниту напор да ги заштитат и одбранат. Тоа се всушност вистински тврдини, а нападот врз нив од непријателските сили би чинел огромни загуби.

Демилитаризираната зона (DMZ) што го дели Корејскиот Полуостров по 38-та паралела е најзатворената и најчуваната граница на планетата. Појасот е долг 241 километар, широк четири километри и целосно затворен и за цивили и за воен персонал. Граничарите пукаат во прекршителите без никакво предупредување, додека минските полиња се на секој чекор, а на двете страни се концентрирани импресивни воени сили, пишува коментаторот на РИА Новости, Андреј Коч.

Реклама

Од 10,5 илјади парчиња артилериско оружје и повеќецевни ракетни фрлачи на севернокорејските копнени сили, осум илјади се наоѓаат во непосредна близина на границата. Тие се способни да отворат рафали од оган врз непријателските трупи во нападот, а можат да го гранатираат и Сеул. Од север ДМЗ е чувана од околу триста илјади војници, додека на западниот и источниот брег има групи од сто илјади војници. По должината на границата е мрежа од подземни засолништа, комуникациски тунели и утврдени бункери. Пробивањето на оваа одбрана, ако воопшто е возможно, би однело огромни загуби.

Две од трите армии на копнената војска се распоредени на јужнокорејската страна. По бројност заостануваат зад соседната земја, но се неспоредливо подобро вооружени и опремени. Покрај тоа, во таа земја има три американски воени бази, кои ќе се вклучат за да им помогнат на сојузниците во случај на избувнување на воени дејства. Конкретно, американските системи за противракетна одбрана THAAD се на “дежурство” во близина на DMZ.

Срцето на националната безбедност на САД е Шајен, планина долга три километри во близина на Колорадо Спрингс и Центарот на здружената команда на воздушно-вселенската одбрана (Норад) скриени под неа, од каде се управува со американските и канадските системи за противвоздушна и ракетна одбрана. Во случај на нуклеарна војна, политичкото и военото раководство ќе ги води војниците од тој бункер.

Изградбата на подземната база започна во 1961 година. За три години е направен систем на вештачки пештери: три тунели (долги 190 метри, високи дваесет метри и широки петнаесет метри) вкрстени со уште четири (долги сто метри, високи седумнаесет метри и широки десет метри), формирајќи еден вид решетка. Во коморите се сместени 15 метални конструкции, од кои дванаесет се всушност трикатни, додека другите имаат едно или две нивоа. Надворешната обвивка изработена од специјален челичен лим со дебелина од 9,5 mm ја држи внатрешната структура. Структурите се монтирани на федери и можат да издржат земјотрес или ударен бран по нуклеарен удар.

Влезот во бункерот „Последниот ден“ е заоблен тунел од половина километар кој минува низ планината Шајен, а е затворен со масивна херметички затворена врата тешка 25 тони и дебелина од еден метар. Во близина е распореден систем за противвоздушна одбрана на повеќе нивоа, а безбедносните единици се способни да издржат неколкудневна опсада.

Вашингтон постојано тврдеше дека во случај на воен конфликт со Русија, примарна задача на американската војска би била да ги неутрализира таканаречените зони на забранет пристап (A2AD). Така Пентагон ја нарекува територијата на непријателот покриена со моќен систем за противвоздушна одбрана, противбродски ракети, крајбрежни и оперативно-тактички ударни системи и радио-електронска борба.Во Русија, тоа е Крим и Калининградската област. НАТО верува дека нивните трупи таму би претрпеле неразумно големи загуби.

Седиштето на Балтичката флота се наоѓа во Калининград, додека во Калининградската област има импресивна воена групација составена од неколку родови. Поточно, тука е распореден ракетниот фрлач Искандер. Во нивниот домет се европските бази на НАТО и американските постројки за ракетна одбрана. Регионот од воздушни напади го штитат две противвоздушни ракетни бригади и три полкови за радио-електронска борба.

На Крим, е базата на Црноморската флота која е заштитена со крајбрежни противбродски комплекси. Нивниот домет е до 500 километри, а можат да стигнат дури и до турскиот брег. Секој брод во Црното Море може да биде нивна потенцијална цел. Покрај тоа, на полуостровот е стациониран и 22-от армиски корпус со седиште во Севастопол. Во негов состав е 1096-от одвоен противвоздушен ракетен полк, со модерни системи за воздушна одбрана за одбивање воздушен напад. Во тесна врска со единиците за ПВО одбрана делуваат и формациите на 4-та Армија на руските воздушно-космички сили и против воздушната одбрана.

Еден од објектите на Народна Република Кина, кој е најголема тајна, се наоѓа на островот Хајнан. Американците првпат известија за оваа база во 2008 година, прикажувајќи сателитски снимки од две пристаништа од 950 метри, како и четири помали пристаништа. Според експертите, во Јулин можат истовремено да бидат распоредени две ударни групи носачи на авиони или големи универзални амфибиски бродови.

Но, најинтересно е она што е сокриено од сателитот – главната инфраструктура сместена во карпестите пештери. Според Пентагон, таму се сместени стратешки нуклеарни подморници со дванаесет балистички нуклеарни проектили, а има доволно простор за дваесетина подморници.

Островот Хајнан и базата Јулин припаѓаат на Јужниот воен округ – најмоќниот во кинеските вооружени сили. Не е ни чудо, бидејќи Пекинг го смета Јужното Кинеско Море за свои води и реагира многу болно на обидите на САД да дејствуваат во таа област.

 

Реклама