Триесет години по распадот на Југославија, за оваа голема држава не престанува да се зборува. Таа остави зад себе достигнувања во секој аспект од нашите животи, а дури и помладите генерации пораснаа на филмови и музика што се правеа во времето на Југославија.
Сепак, денес највпечатлив податок е дека во светот се врати еден моден тренд, кој беше меѓу омилените во Југославија. Имено, секогаш кога некое југословенско семејство одеше да се одмори на море, се купуваа гумени сандали „Југопластика“ , а најчесто тие беа темно сини или канарско жолти.
Немаше дете кое не пораснало во овие сандали, а масовно се правеа и беа екстремно евтини. Многу семејства сè уште се сеќаваат на овие сандали, а некои од нив се зачувани дури и некаде по подрумите.
Сепак, оние евтини сандали кои сите ги носеа, денес ја добија својата помодерна верзија која чини 400 евра, а ја изработи Гучи. Како што можете да видите, Гучи го зеде стандардниот дизајн, но сандалите ги одбележа со својот знак и разни весели бои.