Белите дробови и црниот дроб заслужуваат посебно внимание бидејќи се најголемите чистачи на организмот.
Помеѓу бројните функции на црниот дроб е и тоа што ја прочистува крвта, а белите дробови примаат кислород, притоа филтрирајќи ги токсините од воздухот, и го исфрлаат штетниот јаглерод диоксид од организмот.
Одржувајќи го здравјето на белите дробови и црниот дроб, клетките и ткивата во нашиот организам се задоволуваат со здрава крв која е богата со кислород.

За квалитетна работа и добра функција на овие органи е важна и храната која ја консумирате. Во продолжение погледнете кои природни препарати и намирници придонесуваат за целосна детоксикација:
Зелен лиснат зеленчук
Овој вид зеленчук е пред се познат по изобилството од витамини како А, Ц, К и фолна киселина. Витаминот А е неопходен за здравјето на кожата и очите, витаминот Ц е еден од најмоќните антиоксиданти, а витаминот К е неопходен за згрутчување на крвта. Фолната киселина е дел од групата на Б витамини, а една од најважните улоги ѝ е обновување на крвните елементи. Исто така калциумот, железото и магнезиумот се присутни во зелениот лиснат зеленчук.

Спанаќот, марулата, зелката, младиот кромид, кељот и коријандерот се најдобар избор на лиснат зеленчук за чистење на организмот. Можете да ги јадете сирови, бланширани или во облик на смути. Благодарение на содржината на калиум и магнезиум, овој вид зеленчук го подобрува здравјето на белите дробови, а бидејќи изобилува со хлорофил, помага и при чистење на организмот од тешки метали.
Јаболка
Ова овошје изобилува со пектин, витамини и флавоноиди кои во голема мера придонесуваат за чистење на црниот дроб. Флавоноидите и антиоксидантите го чуваат здравјето на белите дробови и целиот респираторен систем.

Редовното консумирање јаболка секој ден, по појадок и по ручек, го решава проблемот со гихт, ревматизам, артритис, воспаленија на црниот дроб и бубрезите, затнати крвни садови, егзема итн.
Консумирањето јаболка влијае и на одржување на здравиот нервен систем како и на забрзување на метаболизмот и топење на вишокот килограми.