Се поголемо внимание на регулаторите и полицијата привлекува Monero – криптовалутата која е прв избор за разни криминалци.
Додека биткоинот е дизајниран да остави видлива трага од трансакции со помош на блокчејн технологија, Monero претендира да осигурува трансакции во кои ќе се сокрие испраќачот, примачот, како и износот на плаќањето.
Таквиот концепт на криптовалута, кој првенствено инсистира на заштита на приватноста, особено ги привлекува сајбер криминалци, разни уценувачи, условно речено обични криминалци, но и сите оние кои собирале пари на традиционални незаконски начини.
Експертите за компјутерски криминал предупредуваат на групи како REvil, кои ја нападнаа месната индустрија на ЈБС.
Имено, оваа група поврзана со Русија ја отфрли опцијата за плаќање во биткоини и побара исплата исклучиво во монеро. Групата DarkSide (напад врз Колонијал пајплајн) и Babuk (ја хакираа полицијата во Вашингтон) прифатија плаќање во биткоини, но на жртвите им наплатија премија од 20 отсто поради ризик од плаќање во биткоин.
Експертите проценуваат дека денес 10 до 20 проценти од сајбер уцените се плаќаат во монари, што претставува зголемување за 50 проценти на годишно ниво, пренесува Јутарњи лист.
Monero беше лансиран како проект „open souce“ во 2014 година на форумот за корисници на биткоин и инсистира дека приватноста и анонимноста се клучни карактеристики електронска готовина.
Идејата е дека во дигиталниот свет, монеро станува она што е, на пример банкнота од 10 американски долари во физичкиот свет – ниту еден трговец не знае од каде потекнува, ниту е заинтересиран за тоа, се додека таа пара од 10 долари е автентична.
Од почетокот на 2020 година Monero се зголеми за четири пати, а неговата пазарна капитализација достигна 5 милијарди долари, што е сè уште далеку од пазарната капитализација на биткоинот, што според Coinmarketkep изнесува импресивни 727 милијарди долари.
Зад Monero е третата по големина група на програмери, веднаш зад Bitcoin и Itrium. Тие користат напредна математика за да го оневозможат откривањето на потеклото на „валутните“ трансакции за трговија со сите криминални добра – од оружје до дрога.
Европол минатата година предупреди на зголемената опасност од заштитени криптовалути како Monero, додека американската даночна управа нуди награда од 625 000 долари за секој развивач на дигитални алатки поврзани со Monero.