Оваа храна никогаш не ја јадете навечер – ќе ви го уништи желудникот, а предизвикува и болки во телото

Првото правило до кое што треба да се придржуваме е кога нешто ќе ни се јаде навечер да не јадеме премногу.

Одредени намирници можат да го преоптеретат желудникот, да предизвикаат болки и да го променат нашиот сон. Оваа храна треба да избегнувате да ја јадете во текот на ноќта.

Google search engine

На желудникот вообичаено потребни му се три часа за да ја обработи храната и таа да дојде до цревата, па јасно е дека оброците во доцните часови се лоша идеја.

Еве што треба да избегнувате:

Мрсна храна

Заборавете на сладолед, колачи, хамбургери и сите намирници кои што содржат голема количина маснотии затоа што желудникот ќе делува исто како да сте внеле алкохол. Добро е да се јадат масти, но во умерени количини, а оваа храна може да предизвика чувство на тежина во стомакот, а неретко и болки.

Чоколадо

Освен големиот удел на маснотиите, таа содржи и кофеин кој што се наоѓа во какаото.

Кисели намирници

Околу 10 отсто од младите луѓе патат од рефлукс, а многумина не знаат дека причината за тоа би можеле да бидат киселите намирници кои што ги јадат навечер. Вообичаен симптом е непријатно чувство во задниот дел од грлото, но исто така и во градите.

- АУДИО РЕКЛАМА -