Многу истражувања покажаа дека исхраната може да има негативно влијание врз нашето здравјето, а со тоа и врз нашите хормони, како кај жените така и кај мажите. Некои од намирниците што се наши штетници се внесуваат секојдневно, а доколку претерате со нив, тогаш може да дојде до хормонален дисбаланс.
Соја – Иако е здрава храна, прекумерните количини на соја може да му наштетат на естрогенот со блокирање на неговото врзување за рецепторите. Исто така, може негативно да влијае на другите хормони, особено на тестостеронот поради покаченото ниво на естроген. Со прекумерна употреба на соја, постои инхибиција на тироидната жлезда. Сојата е една од најчестите генетски модифицирани култури бидејќи содржи пестициди кои се неповолни за организмот и мора да се води сметка за нејзината консумација.
Бел леб – Освен што содржи глутен, белото брашно и јаглехидратите кој се составен дел во лебот и доведуваат до дебелеење, а со тоа и до хормонална нерамнотежа, што исто така негативно влијае на функционирањето на надбубрежните жлезди и тироидната жлезда.
Бел шеќер – Прекумерното внесување на бел шеќер може да доведе до отпорност на инсулин, но и до хормонален дисбаланс.