ОВА ВИДЕО ОД БРУС ВИЛИС ЌЕ ВИ ГИ НАСОЛЗИ ОЧИТЕ: Познатиот актер го прослави роденденот, а целото семејство е околу него! (ВИДЕО)

Деми Мур (60) во неделата на социјалните мрежи му честиташе на нејзиниот поранешен сопруг Брус Вилис неговиот 68 роденден.

– Среќен роденден, Б.В.! Мило ми е што денеска можевме да славиме – напишала актерката во описот на видеото каде целото семејство се собрало околу Брус.

Google search engine

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Demi Moore (@demimoore)

– Те сакам и го сакаме нашето семејство. Ви благодариме на сите за љубовта и топлите желби, сите ги чувствуваме – изјави Деми во описот на видеото, кое е толку емотивно што предизвикува солзи во очите.

Таа сподели видео на кое го расположија актерот и му пееја роденденска песна, по што тој ги дуваше свеќите. Во видеото неговата сопруга Ема Хеминг (44) нежно го бакнува во образ и му подава торта – пита од тиква.

Brus Vilis

Роденденот на својот драг татко го прославија и двете ќерки на Брус и Ема – Мејбел (10) и Евелин (8). Исто така, Деми и нејзиниот поранешен сопруг имаат три ќерки: Румер, 34, Скаут, 31 и Талула, 29, кои се придружија на прославата со нивните партнери.