Ова се суспендираните профили на „Twitter“ кои се вратени откако Маск ја презема мрежата

Трамп е една од неколкуте контроверзи личности на кои повторно им се активирани профилите на „Twitter“.

Месеци пред да ја преземе контролата над „Twitter“, Илон Маск ја критикувал оваа мрежа поради непочитување на принципите на слобода на говорот, велејќи дури и дека апликацијата фундаментално ја поткопува демократијата.

Google search engine

Маск, кој себеси порано се нарекуваше апсолутист на слободата на говорот, сега ја користи својата моќ, правејќи измени на сајтот.

„Twitter“ е во постојан хаос откако Маск ја презема контролата на 27-мо октомври. Голем дел од вработените се отпуштени, верификација сега чини 8 долари, а многу профили се суспендирани. Некои профили кои претходно биле забранети или суспендирани повторно се активирани, но типично за Маск, ни тоа враќање не мина без контроверзи.

Ова се профилите кои се вратени:

Доналд Трамп

„Twitter“, кој за Трамп беше главно оружје за комуникација во текот на неговите претседателски денови, трајно во јануари минатата година го отстранил неговиот профил со 88 милиони фанови. Неговата страна е укината поради, како што е образложено, постојано поттикнување на насилство и по нередите на неговите приврзаници во Капитол Хил.

„Politco“ известува дека Трамп „апсолутно полудел“ по забраната и дека се обидувал да сфати кои му се опциите. На крајот во февруари отворил своја нова социјална мрежа со име „Truth Social“, која не се покажа баш најдобро.

Профилот на Трамп е вратен откако Илон Маск во петокот навечер на Твитер објавил анкета во која ги прашал корисниците на платформата дали профилот на Трамп треба да биде вратен.

„Народот проговори. Трамп ќе биде вратен. Vox Populi, Vox Dei“, напиша Трамп во саботата навечер.

Ендру Тејт

Контроверзниот инфлуенсер Ендру Тејт е суспендиран од „Twitter“ уште во 2017-та година, откако ги прекршил условите за користење на услугите на компанијата. „NBC“ извести дека Тејт твитувал дека жените треба да сносат одредена одговорност за сексуално злоставуање, што ја иницирало суспензијата.

Тејт станал лидер на новата генерација „Manosphere“, и често кажува неприфатливи коментари за жените.

По пет години, неговиот профил на „Twitter“ е вратен.

Џордан Питерсон

Канадскиот психолог Џордан Питерсон е привремено суспендиран од „Twitter“ откако на 28-ми јуни ја прекршил политиката на компанијата. Имено, Питерсон трансродниот актер Елиот Пејџ го нарекол со „мртвото име“, односно со името кое го имал пред да го промени полот.

Откако е суспендиран, Питерсон снимил 15-минутно видео на „Youtube“, велејќи дека попрво би умрел отколку да го избрише тој твит.

По твитот на Маск на 18-ти ноември во кој навел дека на Питерсон ќе му се врати профилот, изгледа дека професорот ужива во враќањето, објавувајќи многу твитови.

„The Babylon Bee“

„The Babylon Bee“, десничарски сатиричен сајт, е забранет во март поради анти-транс коментари против Рејчел Левин, транс жена која моментално работи како помошничка на американскиот секретар за здравство. По забраната, директорот на оваа организација напишал дека нема да ја компромитира вистината само за да го задржи профилот на „Twitter“.

И овој профил е вратен на 18-ти ноември.

Кети Грифин

Профилот на комичарката Кети Грифин е суспендиран, а потоа повторно вратен во рок од еден месец.

Нејзиниот профил е суспендиран во ноември откако го глумела Маск и го исмејувала во неколку твитови. Откако ја копирала профилната слика на Маск, Грифин твитувала: „По жестоките дискусии со жените во мојот живот, одлучив дека гласањето за сино за нивен избор е единствено исправно (Тие исто така се секси жени) #VoteBlueToProtectWomen“.

Иако Питерсон ја прифатил одлуката на Маск, Грифин не сакала ни да слушне. На „Mastadon“, социјална мрежа на која се собрале многу корисници на „Twitter“, Грифин напишала: „Мила вселенска Карен, не благодарам“.

Канје Вест

„Twitter“ профилот на Канје Вест беше суспендиран по некои негови антисемитски објави во октомври.

Вест на 20-ти ноември твитувал: „Тестирање, тестирање, да видам дали мојот Твитер е активен“, на што Маск му одговорил: „Не го убивај тоа што го мразиш, зачувај го тоа што го сакаш“.

- АУДИО РЕКЛАМА -