Ова се најсреќните градови во светот: На списокот неочекувано се најде и гратче од регионот со 30.000 жители

Лондонскиот институт за квалитет на живот направил листа на најсреќни градови на светот, а на неа се нашле и два града од Хрватска и по еден од Словенија и Црна Гора, кога станува збор за нашиот регион.

Рангирањето е направено врз основа на илјада индикатори кои темелно ги развиле истражувачите, а кои директно се однесуваат на квалитетот на животот и чувството на среќа на неговите жители. Положбата на градот на ранг-листата е резултат на реална благосостојба на жителите.

Google search engine

Истражувачите градовите ги оцениле според 24 различни области на активност, поделени во 5 клучни категории, а тоа се граѓаните, управувањето, животната средина, економијата и мобилноста. Поради тоа што градовите тешко е прецизно да ги категоризирате, тие се поделени во три групи – златни, сребрени и бронзени.

Анализирајќи го функционирањето на градот, се тргнува од претпоставката дека неговата активност во областа на градење на најсреќно место за живот треба да се анализира низ 24 различни области на делување, како што се системот за образование, социјална вклученост на жителите, БДП и продуктивност, вклученост на жителите во процесите на носење одлуки, достапност, јавен е-сервис, пристап до зелени површини итн.

Така првите пет најсреќни градови во 2023 година кои ја носат златната категорија се дански Архус, Њујорк, Ванкувер, Цирих и Женева. Останатите „златни“ градови се западноевропски, американски и австралиски градови.

Од хрватските градови Загреб е во бронзената категорија на 138 место, а Копривница која има само 30.000 жители е на 164 место.

Виена заедно со уште 13 австралиски градови завршила на „сребреното“ 49 место, додека останатите градови во бронзена категорија се Љубљана на 122 место, Будимпешта на 162 место, а Подгорица на претпоследното 199 место.