Ова се најскапо платени фотографии кои папараците успеале да ги направат

Страницата „Shotkit“ претстави листа од 8-те најскапо платени фотографии кои папараците во изминатите децении успеале да ги направат.

Фотографијата вредна неверојатни 6 милиони долари ја прикажува принцезата Дајана и нејзиниот љубовник, Доди Фајед, како одмараат на јахта. Нејзе ја потпишува „Rex Features“, а направена е кратко пред смртта на принцезата.

Google search engine

Втората најскапа фотографија го прикажува телото на починатата манекенка Ана Никол Смит во црна ќеса, а истата била продадена за 1,5 милиони долари.

На третото место е уште една фотографија од Никол Смит, која била продадена за 1 милион долари. На фотографијата се таа и Хауард К. Стерн на нивната неофицијална венчавка на брод.

За истата сума (1 милион долари) била продадена и првата фотографија која го прикажува бебето на актерката Гвинет Полтроу и музичарот Крис Мартин.

Последната фотографија на Даниел Смит, синот на Ана Никол Смит, која го прикажува во болница додека во прегратки ја држи неговата полусестра и позира со мајка му, е продадена за 675.000 долари. Даниел починал во истата просторија како последица од предозираност.

Фотографијата вредна половина милион долари ја прикажува ќелавата Бритни Спирс. Таа настанала во 2007 година, а ја потпишува „Bauer Griffin“.

Последните две места на оваа листа ги заземаат фотографии од Бред Пит и Анџелина Џоли. И двете фотографии се продадени за половина милион долари – едната го прикажува парот на плажа, а втората е првото појавување на Анџелина во јавноста откако откри дека е бремена.

- АУДИО РЕКЛАМА -