Бил Гејтс и неговата сопруга Мелинда најавија дека планираат развод, по повеќе од 27 години поминати во брак.
Според информациите, судските документи ни откриваат дека славниот пар не потпишал било каков вид на предбрачен договор, што славниот филантроп може да го чини многу.
Доколку сте мислеле дека организирање на венчавка е скапоцен процес, ќе бидете изненадени од бројките кои што можат да ги достигнат разводите на богатите и славни луѓе.
1. Мајкл Џордан и Хуанита Ваној – 168 милиони долари

Мајкл и Хуанита се развеле по 17 години брак, со договор и пријателски однос. Како што наведува „Chicago Bussines“, Ваној добила 168 милиони долари во бракоразводната парница, што е еден од најскапите разводи во историјата на спортот.
2. Тајгер Вудс и Елин Нордегрен – 710 милиони долари

Од најдобриот голфер на светото до мајстор за прељубнички скандали, Тајгер Вудс беше нарекуван со многу имиња, а на крајот токму тоа го доведе до ставање точка на 16-годишниот брак со Елин. Инаку, парот се запознал кога Елин се преселила во САД од Шведска, а нивниот брак завршил откако беше откриено дека Вудс имал афера со менаџерката на ноќен клуб во Њујорк.
3. Руперт Мардок и Ана Марија Ман – 1,7 милијарди долари

„Скапоцениот“ развод не бил популарна работа во текот на 90-те, но разводот на Руперт и Ана Марија го отворил тој пат. Ман добила 1,7 милијарди долари во бракоразводната парница со дополнителни 110 милиони долари во кеш.
4. Алек Вајлденштајн и Џослин Вајлденштајн – 3,8 милијарди долари

Американскиот милијардер роден во Франција, Алек Вајлденштајн, бил во брак со Џослин 21 година. Нивниот развод се случил во 1999 година кога Џослин добила 3,8 милијарди долари.
5. Џеф Безос и Мекензи Скот – 38 милијарди долари

Џеф Безос е прв во многу работи, па дури и кога станува збор за развод. Основачот на компанијата „Amazon“ се развел од својата сопруга Мекензи Скот, а нивниот развод е најскапиот во историјата, сè до денес. Скот добила надомест од 38 милијарди долари и преку ноќ стана третата најбогата жена на светот.