Ова се најевтините градови во Европа за викенд

„Post Office Travel Money“ ги спореди типичните трошоци за викенд патување во 40 различни градови во Европа, што вклучува две ноќевања во хотел со три sвезди, вечера во ресторан за двајца, јавен превоз, туристичко разгледување и слични активности.

Како што покажува нивниот барометар „City Cost“, во Тирана ќе потрошите најмалку од анализираните градови, просечно по 180 евра. Тука за кафе ќе треба само да платите 70 центи, и помалку од 80 евра за две ноќевања.

Катовице на југот на Полска е на второто место на листата на најповолни европски градови, а на третото место е главниот град на Литванија – Вилнус.

Оваа година Осло се покажа како најскап град во Европа за викенд, бидејќи ви требаат околу 500 евра за викенд. Во просек ќе плаќате 8,5 евра за пиво во главниот град на Норвешка, и 190 евра за две ноќевања во хотел со три sвезди.

Најповолните европски градови во 2021 година според барометарот „City Costs“:

1. Тирана, Албанија

2. Катовице, Полска

2. Вилнус, Литванија

4. Лисабон, Португалија

4. Рига, Латвија

5. Варшава, Полска

7. Загреб, Хрватска

8. Будимпешта, Унгарија

9. Братислава, Словачка

9. Краков, Полска