Ова се најбогатите семејства во Америка, и “тежат” навистина многу

Кога мислиме на најбогатите луѓе во Америка, честопати помислуваме на имиња како Елон Маск, Џеф Безос и Бил Гејтс. Но, многу често најбогатите семејства во Америка се оние кои имаат подолго наследство, а понекогаш и подлабоки џебови.

50-те најбогати семејства во земјата поседуваат богатство од 1,2 трилиони долари. Оваа листа, донесена од порталот HowMuch, ги надминува границите на самите поединци во семејството и наместо тоа го мери богатството на повеќегенерациските или пошироките семејства.

Визуелизацијата, која ги користи најновите податоци на Форбс, ги открива најбогатите семејства во Америка и компаниите кои им помогнале да заработат милијарди.

Топ 10 најбогати семејства во САД:

СЕМЕЈСТВО БОГАТСТВО ИЗВОР НА ПРИХОДИ
#1 Walton $247.0 Walmart
#2 Koch $100.0 Koch Industries
#3 Mars $94.0 Mars Inc.
#4 Cargill-MacMillan $47.0 Cargill Inc.
#5 Lauder $40.0 Estee Lauder
#6 S.C. Johnson $37.0 SC Johnson
#7 Edward Johnson $36.0 Fidelity
#8 Cox $34.5 Cox Enterprises
#9 Pritzker $32.5 Hyatt Hotels
#10 Newhouse $30.0 Condé Nast
во милијарди долари