Новак Ѓоковиќ ги загуби силите и го загуби финалето на УС Опен против Данил Медведев во три сета.
Во завршницата од финалето, Русинот првпат сервираше за победа, а публиката му даде неверојатна поддршка на Ѓоковиќ, свиркаше и скокаше, ја мина границата за фер -плеј и намерно му пречеше на Медведев да може мирно да сервира.
Русинот беше исфрлен од ритам, тој го загуби тој гем, а Србинот потоа седна на клупата и плачеше, претпоставуваме дека бил погоден од таква поддршка и притиснат од силни емоции.
Погледнете го тој емотивен момент.
#novakdjokovic 😞😞😢😢 I cried with him 💔💔💔 pic.twitter.com/mDfvu9Wo4e
— Alya (@nina2_kh) September 12, 2021
Во играта на Новак Ѓоковиќ, беше очигледно дека мина многу потежок пат до финалето, дека до вечерва помина 17 и пол часа на теренот, за разлика од Русинот кој одигра 11 часа и 51 минута до овој натпревар.
Шансата да се оддели од Роџер Федерер и Рафаел Надал на врвот на „вечната листа“ ќе дојде брзо, веќе на почетокот на следната сезона во Австралија. Во 2021 година, Новак веќе напиша многу страници од историјата, има доволно време да напише нови во идните сезони.