Ова моментално е најомразената личност на интернет: „Би требало да биде прогласен за најглупав човек на 2022 година“

Откако во јавноста протече информација дека Пике ја изневерил Шакира, со која е во врска 12 години и со која има две деца, фудбалерот на Барселона моментално стана најомразена личност на социјалните мрежи.

Имено, шпанските медиуми ја пренесоа веста дека парот со месеци живее одвоено, а Пике често бил забележуван во ноќни излегувања.

Google search engine

Илјадници твитерџии го осудија Пике, а многумина истакнале дека не им било јасно дека некому би му паднало на памет да ја изневери Шакира.

„Пике штотуку го направи едно од најголемите промашувања на 21-ви век“, пишува во некој твит.

„Ова е жената која Пике ја изневерува. Жал ми е поради неа. Таа заслужува подобро“, напишала друга твитерџика покрај фотографијата од Шакира под која пејачката јавно го пофалила Пике и неговата игра и го нарекла „најдобар центар на светот“.

„Пике го изневери својот клуб, склопува договори зад грбот на луѓето, забива нож во грб на своите пријатели и соиграчи, а сега ја изневери Шакира. Никогаш не сум го видел поголемото лицемерие на Пике“, напишал друг твитерџија.

„Доколку се вистинити вестите дека Пике всушност ја изневери Шакира, треба да биде награден за најглупав човек на 2022 година. Навистина ниско падна“, е уште еден од коментарите на Твитер.

Пике не останал поштеден од негативните коментари ниту на својот Инстаграм профил.

„Шакира заслужува подобар од тебе кретену“, „Не можам да верувам дека си ја изневерил“, биле само дел од коментарите под последната фотографија на Пике објавена на Инстаграм.

Да ве потсетиме, популарната пејачка наводно го уловила Пике со друга жена и барем засега не може да го надмине тоа.

Шакира од март не објавила ниту една фотографија со Пике на социјалните мрежи, а последната песна која ја отпеала е „Te Felicito“.

 

„За да те составам, јас се распаднав на парчиња. Ме предупредуваа, но не обрнував внимание. Сфатив дека ме лажеше, тоа беше капката која ја прели чашата. Не вели ми дека ти е жал, можеш да се преправаш дека си искрен, но те знам добро и знам дека ме лажеш“, се дел од стиховите од песната.