Турските медиуми објавија дека осомничената за нападот во Истанбул, во кој животот го загубија шест лица, е државјанка на Сирија и дека признала дека е поврзана со Курдистанската работничка партија, која во земјата е препознаена како терористичка.
Ахлам Албашир за време на првото испрашување рече дека била обучена од курдски милитанти во Сирија и дека влегла во Турција преку северозападниот сириски регион Африн, соопшти полицијата.
Објавени се нејзините фотографии и видеа од апсењето.
На објавеното видео се гледа како жена со кадрава коса облечена во виолетов џемпер на кој пишува „Њу Јорк“ е донесена во полицискиот оддел. Полицијата со помош на куче извршила претрес во станот во кој била уапсена и нашла злато, пари и муниција.
#SONDAKİKA#İstiklal‘e bombayı yerleştiren terörist❗️
▪️6 vatandaşımızın canına mal olan saldırıyı gerçekleştiren hain teröristin, evinde yakalandığı anlardan kareler paylaşıldı. pic.twitter.com/XkDf8E15rw
— EHA MEDYA (@eha_medya) November 14, 2022
Турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу претходно изјави дека наредбата за напад на авенијата Истиклал во Истанбул била издадена во Кобани, град во северна Сирија каде турските сили спроведуваат операции против фракцијата на сириските Курди ИПГ во последните години, пренесува Ројтерс.
„Веруваме дека инструкцијата за нападот е од Кобане“, рече Сојлу, додавајќи дека бомбашот поминал низ Африн, друг регион во северна Сирија.
Turkish media published a photo of a woman suspected of involvement in today’s terrorist attack in #Istanbul. pic.twitter.com/JGAOrXKzXi
— NEXTA (@nexta_tv) November 13, 2022
Турскиот министер за правда Бекир Боздаг претходно објави дека за експлозијата во центарот на Истанбул е осомничена жена, која, според него, 45 минути седела на клупа, а потоа станала.
Експлозијата се случила во неделата попладне околу 16 часот и 20 минути на фреквентната пешачка улица Истиклал, која била повторно отворена откако полицијата ја опколила во текот на истрагата која траела до утринските часови.
Министерот рече дека има две можности како дошло до експлозијата.
– Или во чантата имало механизам што се активирал, или некој го активирал механизмот од далеку. Истрагата се уште е во тек. Можно е намерно да го избрале тој регион. Има многу странци, можеби сакаа да испратат порака до светот. Турција е силна земја – рече министерот.
Во меѓувреме беа објавени и видео снимки на кои се гледа како осомничениот бега, по што следуваа апсења.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека бомбашкиот напад во центарот на градот „мириса“ на тероризам. Тој изјави и дека експлозијата е „предавнички напад“ и дека сторителите ќе бидат казнети.