Многу познати личности добро ќе заработат за Нова година, а своите настапи веќе одамна ги имаат закажано.
На листата на најплатени музичари е и Лепа Брена, која за една вечер ќе стане побогата за 80.000 евра, а Аца Лукас и Ацо Пејовиќ ќе инкасираат по 70.000 евра!
– Белград овојпат ја има најдобрата понуда. Лепа Брена на почетокот на годината договорила тезга во ресторан во Белград за 80.000 евра. Не сакала да оди некаде во странство. Аца Лукас и Ацо Пејовиќ се договориле за ист хонорар, двајцата ќе заработат по 70.000 евра. Тие двајца, сепак, нема да пеат на исто место. Лукас ќе ја забавува публиката во хотел, а Пејовиќ на саемот. Веднаш по нив на листата на најплатени е Јелена Карлеуша, која веќе има добиено 60.000 евра за настап во хотел – вели изворот.
И други естрадни уметници решија да пеат во српскиот главен град.
– Радиша Трајковиќ Џани ќе пее во Ледине за 40.000 евра. Дарко Лазиќ ќе пее во сала со својата кума Андреана Чекиќ. Тој ќе заработи 40.000, а таа 35.000 евра. Слоба Радановиќ и Катарина Грујиќ делат тезга. Тој вечерта на еден сплав ќе заработи 35.000 евра, а таа 20.000 – вели менаџерот за забава и додава дека најдобрите пријателки Сека Алексиќ и Слаѓа Алегро се договориле да пеат на две места:
– Додека Сека ќе пее во хотелот, Слаѓа ќе настапува во клуб, а околу полноќ двајцата ќе ги заменат местата! И двајцата таа вечер ќе заработат по 25.000 евра. Дара Бубамара ќе добие 20.000 евра за тезгата во Борча, а исто толку ќе заработи Рада Манојловиќ за настап во хотел во Белград.
Најголемото изненадување годинава е Теа Таировиќ која драстично ја крена цената.
– Теа годинава е многу барана, па на новогодишната ноќ во Белград ќе инкасира дури 30.000 евра. Со неа во истиот хотел ќе пеат Каќа Живковиќ и Јован Перишиќ кои ќе добијат по 15.000 евра – објаснува менаџерот. Во Белград за 20.000 евра ќе пее и Дејан Матиќ, а по 15.000 евра ќе заработат Каја Остојиќ и Весна Змијанац. Аца Живановиќ ќе настапи во етно селото Вранеша за 10.000 евра, а истиот хонорар го договори и Милица Јокиќ за тезгата во Аранѓеловац. Марина Тадиќ годинава ќе пее единствена на Копаоник исто така за 10.000 евра.