Ова е втората сопруга на Еди Рама за која многу малку се знае, одат во различни цркви, но таа е неговата голема љубов

Албанскиот премиер Еди Рама денес во Тирана е домаќин на претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Македонија, Зоран Заев, во рамки на иницијативата „Отворен Балкан“.

Рама и е добро познат на македонската јавност по неговите чести посети во Скопје, но никогаш во македонскиот главен град не дошол заедно со неговата поубава половина.

Google search engine

Таа ретко се фотографира, освен кога гласа со сопругот на избори, но овој пат Рама објави заедничка фотографија во новогодишна идила.

Инаку Рама е многу активен на социјалните мрежи и на својот Фејсбук профил објави албум со повеќе од 50 фотографии кои ги нарече „фотографии на неделата“.

Меѓу нив е и заедничка фотографија со неговата сопруга Линда.

На фотографијата тие се свечено облечени, покрај накитената новогодишна елка и се смешкаат еден на друг.

Рама е припадник на Католичката црква и се декларира како католик, но е агностик бидејќи, како што објасни, не практикува верски обреди и смета дека ние смртниците не треба да одлучуваме за (не)постоењето на Бог.

Линда е втората сопруга на Рама. Тој прво беше во брак со актерката Матилда Макочи, но се разведоа во 1991 година.

Од тој брак го има синот Грегор, кој преживеал рак на тестисите.

Во 2010 година се ожени со економистката Линда Баша. Рама исто така дипломирал на истиот факултет и докторирал економија. Линда е универзитетски предавач и професор. Тие го имаат синот Зах, роден во 2014 година.

Рама навива за ФК Партизани и торински Јувентус. Неговиот помлад брат Олси Рама е спортски директор на тиранскиот ФК Партизани.