Американската пејачка Лејди Гага позирала во секси издание за новата кампања на својот козметички бренд и со тоа ги воодушевила фановите ширум светот.
Имено, авторката на хитовите „Just Dance“ и „Shallow“ минатата година ги израдува своите фанови кога објави дека ќе лансира своја линија на шминка, а сега се фотографирала топлес за официјалниот Инстаграм профил на овој бренд.
34-годишната пејачка позирала само по гаќички додека градите ги покрила со долгите, сиви прамени.
„Времето можеби станува студено, но ние ги загреваме нештата“, стои во описот под фотографијата.
„Нашата секси Гага, дами и господа“, „Ја обожувам, изгледа одлично“, „Никогаш посекси“, се дел од коментарите од нејзините обожаватели откако ја виделе провокативната објава.
Гага е дел од секој процес на правењето шминка – таа помага во развивање на совршена формула, ги комбинира нијансите на бои, го дизајнира пакувањето и организира кастинзи за своите модели.
„Оваа козметичка линија ми е многу важна. Таа е резултат на љубовта и страста и видот на уметник каков што отсекогаш сакав да бидам“, изјавила Лејди Гага во една прилика.