Ова е „трето око“ кое им го спасува животот на зависниците од смартфони (ВИДЕО)

Паенг мин-Вок, јужнокорејски дизајнер, разви „трето око“ кое ќе им помогне на корисниците на паметни телефони да избегнат повреди при движење и гледање во телефонот.

Бидејќи живееме во модерната ера на паметни телефони, повеќето луѓе одат по улица гледајќи во нивните мобилни телефони, па затоа поради тоа честопати се случува да се повредат.

Google search engine

Јужнокорејскиот дизајнер реши да им помогне на овие луѓе, па направи „трето око“, што корисниците на паметни телефони можат да го стават на челото.

Индустрискиот дизајнер можеби се обидел да им помогне на зависниците од паметни телефони на малку хумористичен начин, за да не удрат во ѕид или да удрат во предмет додека шетале и гледале во телефонот.

„Третото око“ е едноставно – додека човекот гледа во телефонот, тој гледа напред наместо вас.

Кога некој предмет е оддалечен метар или два од лицето кое во тој момент гледа во телефон со спуштена глава, „третото око“ ќе испушти предупредувачки звуци за претстојната опасност.

Постдипломскиот студент по инженерски дизајн за иновации во Лондон демонстрираше во Сеул како да се користи „третото око“.

Можете да го погледнете сами во приложеното видео.

ПретходнаМеган и Хари станаа родители по вторпат! Цел свет зборува за името кое ѝ го дале на нивната ќерка
СледнаАлбанија ги отвори границите за туристи, нема никакви услови поради коронавирусот