Српските медиуми објавија дека вчера на Цетиње бил подготвен атентат врз митрополитот Јоаникије и Патријархот Порфириј. Атентатот требало да биде извршен со снајпер од приврзаниците на претседателот Мило Ѓукановиќ.
Вистински херој кој ги спаси свештениците е Петар Кнежевиќ, специјалец од Црна Гора.
Тој со чадор се постави пред двајцата великодостојници и ги внесе во манастирот во Цетиње. Пред влезот тој ја премести пушката и се прекрсти.
По устоличувањето тој се сликаше со Митрополитот кој му се заблагодари за сигурноста и безбедноста.