Германската армија (Bundeswehr) се подготвува да ги евакуира ранетите Украинци по воздушен пат, објави во понеделникот медиумската агенција ДПА.
Специјален авион на воздухопловните сили Air Force Airbus A310 MedEvac треба да полета од воздухопловната база Коелн-Ван во градот Жешов во југоисточна Полска и да превезува деца и возрасни на лекување во Германија.
Ова ќе биде прва ваква евакуација со авион од почетокот на руската инвазија на Украина на 24. февруари, пишува медиумската агенција.
Ранетите украински војници веќе се лекуваат во Германија , каде што се превезени со други транспортни средства.
Полскиот град Жешов се наоѓа на околу 90 километри од украинската граница.