Актерот Милан Лане Гутовиќ ќе биде погребан в сабота во 12 часот на локалните гробишта Кумодраш.
Според белградските медиуми, Гутовиќ побарал да не биде погребан во Алејата на великаните или Алејата на заслужните граѓани на Новите гробишта во Белград.
Погребот ќе се одржи в сабота на гробиштата Кумодраш, каде што исто така се закопани неговите родители, изјави за Новости, синот на Гутовиќ, Спасоје.
Нема да има комеморација, тоа беше негова желба. Семејството нема да дава изјави за медиумите, рече тој.
Актерот Милан Лане Гутовиќ почина денеска на 75 -годишна возраст на Военомедицинската академија во Белград.
Пред извесно време актерот зборуваше за смртта.
Не се плашам од смртта, на некој начин сум рамнодушен. И не треба, бидејќи тоа е еден од клучните моменти во животот, како и раѓањето. Не се сеќавам на раѓањето, а смртта претпоставувам дека ќе ја запаметам. Целиот живот беше нетрпелив, но смртта не е. Трпелива е и сигурно ќе ме чека, рече во свој стил Гутовиќ.