Ова е најинтересната населба во светот

Населбата Норебро во Копенхаген, Данска, го освои првото место на листата со најинтересни населби за 2021 година. Населбата беше избрана по анкетирањето на 27.000 жители на градови низ целиот свет.

Норебро е избрана за најдобра населба во светот поради нејзината извонредна гастрономска понуда и многубројните историски знаменитости што се истакнуваат во комбинација со модерната архитектура, но и поради многубројните локални иницијативи и генерално позитивниот дух на заедницата.

Google search engine

Superkilen | Nørrebro | VisitCopenhagen

What to do in Copenhagen's Nørrebro District

– Оваа мултикултурна населба во Копенхаген е мешавина од историски знаменитости, ултрамодерна архитектура и гастрономски понуди. Дури и во текот на оваа тешка година во оваа населба се отворија нови пекарници, ресторани и барови со локални вински понуди. Сите овие места се фокусираа на локалните, сезонски производи и намирници. Оваа година цветаа и локалните иницијативи – беше воведена недела без автомобили и го заменија сообраќајот со музика во живо и пазари. Исто така, интерактивната уметничка изложба „Усинлиг Стиер“ донесе живот во населбата и внесе боја и во најранливите делови на соседството – пишува „Тајм аут“.

Multicultural and ever-vibrant Nørrebro | VisitCopenhagen

nørrebro - The Local Europe

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 👧lydie vrac (@vrac.lydie)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Henriette Elmøe (@copenhagendreamer)