Ова е најевтиниот голем град во светот: За 1 евро цел ден може да се јаде и пие

Истражувањето покажува дека е неверојатно што сѐ може да направите таму со многу малку пари.

Според податоците на страницата „The World of Statistics“, Пакистан е прогласен за најевтината држава во светот.

Google search engine

За да провери дали тоа е навистина така и зошто е така, Џош Ларкин од Јутјуб каналот „The Burnt Chip“, отпатувал во земјата, односно во нејзиниот најголем град, главното морско пристаниште и финансиски центар – Карачи.

 

Во Карачи една британска фунта, односно околу 1,2 евра ги заменил за 400 пакистански рубљи и се обидел да открие што сѐ со тие пари може да си купи во еден ден.

Своето доживување тој го забележал со камера и видео-објава на Јутјуб, а видеото досега е погледнато повеќе од 2,5 милиони пати.

Ларкин на почетокот од денот кај уличните продавачи се освежил со традиционален пакистански пијалак „doodthom“ којшто се прави од млеко, шеќер, мраз и газиран пијалак, за само 30 пакистански рубљи.

За ручек јадел „biruani“ – зачинето јадење направено од ориз, компири и пилешко и пиел Пепси за околу 30-на центи, а за вечера уживал во ражниќ од морски плодови на кои потрошил сличен износ како за ручекот.