Американската медиумска компанија објавила ранг листа на најдобри земји за 2021 година.
Според овогодишните резултати, Канада го зазеде првото место за првпат во историјата и се закити со таа титула.
Инаку, овој извештај се објавува секоја година. Минатата година Швајцарија го зазеде првото место, додека пак Канада се најде веднаш зад неа.
Рангирањето на земјите се врши според широк спектар на категории, вклучувајќи ја и работната агилност, моќта, општествено-одговорната работа, положбата на жената, перспективноста, расната еднаквост и уште многу други работи.

Ова е топ 10 листата на држави:
1. Канада
2. Јапонија
3. Германија
4. Швајцарија
5. Австралија
6. САД
7. Нов Зеланд
8. Велика Британија
9. Шведска
10. Холандија
Зошто Канада е најдобрата земја за живот?
Според извештаите, Канада е земја која што има добар пазар за работа, се грижи за човековите права и социјалната правда и не се смета за корумпирана држава.
Исто така таа добила и најголемо признание и во областа на образованието, квалитетното пензионирање, транспарентност и еколошки здрав живот.

Канада го зазела првото место и кога станува збор за општествено-одговорното работење, расната еднаквост и претприемништво. Од друга страна, оваа земја се најде меѓу првите десет во категориите како што се: авантуризам, културолошко влијание, моќ и културно наследство.
Земја со три милиони езера
Три канадски острови се наоѓаат на листата на 10-те најголеми острови на планетата Земја.
Оваа држава има и над три милиони езера од кои две се најголеми во светот.
Торонто е најголемата метропола во Канада кој што брои шест милиони луѓе. Монтреал е вториот најголем град во Канада и има над 4 милиони жители, а воедно е и вториот најголем град на светот кој што има француско говорно подрачје.