Ова е најбогатата нација на светот а тоа не е САД

Според неодамнешниот извештај за глобално богатство кој го објавил „Credit Suisse“ за 2022-ра година, најбогатите луѓе на светот се Австралијците. Далеку зад нив се Британците и Американците.

Извештајот за богатството на населението опфаќа 5,3 милијарди луѓе ширум светот. Според тој извештај, богатството на Австралијците се зголемило во текот на 2021-ва година.

Google search engine

Австралија има дури 2,2 милиони милионери, а во сопственост на еден процент од најбогатите Австралијци, според податоците за 2021-ва година, е 21,8 проценти од богатството на земјата.

Главната причина за зголемувањето на богатството во Австралија се цените на недвижнините, кои пораснале за 23,7 проценти, што го зголемило просечното богатство по возрасен Австралиец за 28,450 долари.

По Австралија, најбогати се жителите на Белгија, Нов Зеланд и Хонгконг. САД сепак имаат најбогати домаќинства во 2021-ва година, пишува „RTS“.

10 најбогати градови на светот

Сепак, Њујорк е дом на најбогатите поединци на светот, според извештајот на консултантската куќа за инвестициска миграција „Henley & Partners“.

Во „Големото јаболко“ живеат околу 345.600 милионери, заедно со 15.470 мултимилионери кои имаат имот вреден преку 10 милиони долари, 737 центимилионери (богатство од 100 милиони долари и повеќе) и 59 милијардери, се наведува во извештајот.

Главниот град на Јапонија, Токио, го зазема второто место со 304.900 богати поединци.

Подрачјето на заливот Сан Франциско – кое ја вклучува Силициумската Долина – ги заокружува првите три најбогати градови, со 276.400 богати поединци, од кои 12.890 се мултимилионери.

- АУДИО РЕКЛАМА -