Ова е најбараниот производ на Apple: Чини 20 долари, а испораката се чека со месеци

Доколку познавате некој љубител на „Apple“ производи, имате ограничен буџет за подарок, еве ви можност.

Американскиот гигант продава крпа за чистење на екран по цена од 20 долари.

Google search engine

Проблемот е во тоа што ќе чекате од 10 до 12 седмици за испорака поради тоа што овој производ е многу популарен, а го нема во доволно количина, пренесува британски „Metro“.

Крпата е претставена заедно со новата генерација на „MacBook Pro“ и „AirPods“. Во старт се нашла на критики, но потоа станала најбараниот производ од компанијата.

Во споредба со останатите производи кои ќе ги добиете за кратко време, оваа микрофибер крпа ќе ја чекате од 10 до 12 месеци.

 

Изработена е од мек неабразивен материјал и достапна е само во бела боја.

„Apple“ наведува дека оваа крпа се користи за бришење на сите видови екрани, вклучувајќи и нано-стакло.

- АУДИО РЕКЛАМА -