Ова е најбараниот хакер на светот кој падна поради една почетничка грешка…

Хамонд во 2013-та година беше осуден поради хакерски напад на компјутерскиот систем на „Стафорд“ – приватна разузнавачка компанија чии клиенти се американската државна безбедност и министерството за одбрана. Беше уапсен поради една почетничка грешка.

Џереми Хамонд успеал да упадне во голем број на сајтови на американската влада и разузнавачки служби.

Google search engine

Како што откри по апсењето, агентите на ФБИ успеале да го фатат затоа што својот лаптоп го заштитил со слаба лозинка. Осуден е на 10 години затворска казна откако ФБИ во 2012-та година изврши претрес во неговата куќа.

Агентите на ФБИ го уапсиле во моментот кога се обидувал да го сокрие својот лаптоп. Тие премногу лесно успеале да ја пробијат лозинката на неговиот лаптоп, по што пронашле докази против Хамонд.

„Мојата лозинка навистина беше слаба – Чуи123“, призна Хамонд.

Тој открил дека Чуи било името на неговата мачка, па агентите на ФБИ веднаш успеале да ја пробијат лозинката.