Во некролог од него се простија сопругата Смиља, два сина, три ќерки, снаи, зетови и седум внуци.
Еден од најбогатите Хрвати, бизнисменот Мирко Грбешиќ, познат како сопственик на Сапонија, Кандит и Коестлин, големи компании познати низ регионот, почина во Широки Бријег во БиХ на 63-годишна возраст по тешко боледување.
Првите две се создадени во СФРЈ, а нивната стока се уште ја продаваат во сите поранешни југословенски републики.
Грбешиќ за време на неговиот живот важеше за голема мистерија, а неговата фотографија е речиси невозможно да се најде на Интернет. По веста дека починал вчера, денеска во босанските медиуми се појави некролог во кој од него се простија неговата сопруга Смиља, два сина, три ќерки, снаи, зетови и седум внуци, како и другите роднини, кумови и пријатели.
Инаку, бизнисменот Мирко Грбешиќ е роден на 11 август 1960 година во Широки Бријег, а починал по тешко боледување оваа недела, јавуваат медиумите од регионот.
Тој беше успешен претприемач во БиХ и Хрватска, сопственик на компаниите Сапонија и Кандит од Осиек и Коестлин од Бјеловар. Грбешиќ ја основа компанијата Mepas d.o.o., а во Мостар го отвори најголемиот трговски центар во Босна и Херцеговина „Мепас мол“.
Во 1998 година ја купи Сапонија од Осиек за 20 милиони германски марки. После тоа стана сопственик на бјеловарски Костлин.
Дал 6 милиони евра за Кандит од Осиек и вложил повеќе пари за да го врати брендот на полиците и меѓу потрошувачите. Дополнително, тој се обврза до 2014 година да ја пресели фабриката од постојната локација и да изгради нова во Неметин, предградие на Осиек. Оваа инвестиција беше вредна 20 милиони евра.
Во Мостар во 2012 година го отвори најголемиот трговски центар во Босна и Херцеговина, кој се простира на речиси 100.000 квадратни метри.
– Центарот е изграден на тој начин што визуелно, концептуално и содржински ги следи сите актуелни трендови кога станува збор за центри од ваков тип во Европа, изјави тогаш Грбешиќ.
Неговата деловна империја се карактеризира со постојан, но не премногу брз раст. Тој немаше забелешки за работењето на неговите компании, како и за начинот на стекнување на сопственост над нив, ниту во БиХ, ниту во Хрватска.
– Деловната политика што ја водиме на сите пазари е јасна, законска и транспарентна, така што не раѓаме никакви шпекулации, рече тогаш тој.
Неговото богатство се проценува на 17 милиони евра, со што се наоѓа на 15. место на листата на најбогати Хрвати, пренесува Večernji.hr.