Ова е чудото од јахта чие запленување го бара Зеленски: Ја поврзуваат со Путин – Чини 700 милиони долари

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, вчера побарал денеска во Италија да се заплени јахтата „Шехерезада“ која е вредна 700 милиони долари, а која се поврзува со Владимир Путин.

Обраќајќи се по пат на видеоповик во парламентот во Рим, Зеленски изјави и дека Путин и неговите богати соработници често одат во Италија на одмор и дека цел нивни имот во таа земја треба да биде замрзнат.

Реклама

„Немојте да бидете одморалиште на убијци. Блокирајте ги нивните недвижности, сметки и јахти, од „Шехерезада“ до оние најмалите“, им порачал Зеленски на италијанските пратеници.

„Шехерезада“ е усидрена во пристаништето Марина Ди Карари во Тоскана, наведува „Ројтерс“.

Јахтата е долга 140 метри, има два хелиодроми и 40 членови на посадата, а може да прими 18 гости.

Италијанскиот премиер Марио Драги изнел податок дека неговата влада запленила имот од руски бизнисмени вреден над 800 милиони евра, во состав со санкциите на Европската унија против Москва.

Зеленски оценил дека ЕУ мора да воведе целосен трговски ембарго кон Русија, вклучувајќи ја и забраната за купување нафта.

„Побарајте забрана за влез во вашето пристаниште за руските бродови, за да ја почувствуваат цената на агресијата“, побарал Зеленски од членовите на италијанскиот парламент.

Мистеријата на „Шехерезада“

 

Сопствениците на суперјахти обично не се изложуваат јавно, ниту пак сакаат да знаат што поседуваат. Сепак, „Шехерезада“ е обвиткана во необичен превез на тајност.

Сите работници на овој брод и членовите на посадата мора да потпишат договори за доверливост, а нивните имиња исто така остануваат мистерија за сите надвор од јахтата.

 

Кога „Шехерезада“ првпат пристигнала во пристаништето, работниците поставиле висока метална бариера на пристаништето за делумно да ја заштитат јахтата од набљудувачите. Некои локални жители изјавиле дека никогаш не виделе нешто слично на други јахти.

Реклама