Ова ЧУДО НА ПРИРОДАТА го воодушеви светот: Изгледа и прекрасно и СТРАШНО во исто време! (ФОТО)

Заштитната амнионска кеса го држи бебето во стомакот, а кога ќе пукне тоа е знак дека породувањето ќе започне. Меѓутоа, еднаш во 80.000 случаи, породувањето се случува додека бебето е сè уште во недопрената амнионска кеса и тоа е познато како породување со капа.

Почеста е кај царските резови отколку кај вагиналните раѓања, но генерално е многу ретка.

Google search engine

Раѓањето „En caul“ нуди подобар впечаток за детето непосредно пред раѓањето Во некои култури, затвореното раѓање се смета за знак на среќа за бебето и родителите. Од научна гледна точка, „en caul“ раѓањата можат да ни дадат поблизок поглед каков е животот на бебето во утробата.

Поради реткоста на вакви раѓања, јавноста не може често да види како тоа изгледа, благодарение на бразилската фотографка Јанаина Оливеира и момчето по име Ноа – родителите ширум светот сега навистина можат да замислат како изгледал светот на нивното бебе помеѓу ултразвучната слика и првиот здив.

Момчето Ноа сега е вистинска ѕвезда во неговиот роден град Вила Вела, Бразил, а неговата мајка Моник изјавила дека за време на породувањето лекарите и го доближиле екранот за да може да го гледа:

-Го погледнав во моментот кога го раѓав. Лекарите го доближија екранот до мене за да можам да гледам. Глетката беше толку прекрасна што ме расплака.

- АУДИО РЕКЛАМА -