Македонската Тениска Федерација ги поканува сите јуниори и јуниорки до 11 години да се пријават на Отвореното првенство во тенис на Македонија кое ќе се одржи во ТК „Теннис Парк“ при СЦ „Јане Сандански“.
Турнирот започнува во сабота (11.03.2017) во 10:00ч.
Ги покануваме сите љубители на тенисот да дојдат и да ги проследат натпреварите, а потоа да се релаксираат во опуштена атмосфера во кафе-бар „Теннис Парк“ кој е лоциран веднаш до терените, покрај реката Вардар.