Отворен најдлабокиот базен на светот

Најдолгиот базен на светот е длабок 45,5 метри, наменет е за нуркачи, а неодамна беше отворен во Полска, недалеку од Варшава.

Овој базен, наречен „Deepspot“, преполн е со имитации на подводни пештери и рушевини на Маите, а има и помали остатоци од бродови наменети за истражување.

Google search engine

Базенот е исполнет со 8.000 кубици вода, што е 20 пати повеќе од волуменот на стандарден базен долг 25 метри.

 

 

„Deepspot“ во период на пандемија може непречено да прима клиенти, бидејќи спаѓа во категоријата нуркачки центар во кој се одржуваат часови по нуркање.

 

Претходниот рекорд за најдлабокиот базен во светот го држеше „Montegrotto Terme“ во Италија, длабок 42 метри.

 

 

 

- АУДИО РЕКЛАМА -