Елвис Кељменди, синот на нарко босот Насер Кељменди е уапсен вчера во акцијата на полицијата на БиХ наречена „РЕЗ“, а сега обвинителството на Босна и Херцеговина ги објави причините за апсењето на седуммина мажи на територијата на соседната земја.
Да потсетиме, Елвис е најстариот син на Насер кој, наводно, заедно со браќата Лиридон и Бесник се на списокот на членови на криминални картели од Мексико и Латинска Америка.
Како што јави босански Независне, Обвинителството соопшти дека се уапсени седуммина мажи кои се под истрага за кривични дела организиран криминал, во врска со меѓународен шверц и нелегална трговија со големи количества наркотични дроги, како и други кривични дела.
– Според прибраните докази, во случајот во кој е остварена значајна меѓународна соработка, осомничените дејствувале како организирана криминална група, со поделени улоги и задачи, која подолг период шверцувала и продавала големи количини на наркотици на нелегално наркопазар на Сараево и други градови.дрога – јавува босанскиот Независне зборови од Обвинителството на Босна и Херцеговина.
Исто така, како што наведува овој весник, истрагата ги истражува и тековите на пари стекнати со незаконски активности, како и облиците на коруптивни активности на осомничените.