Авганистанскиот претседател, Ашраф Гани и неговото семејство се наоѓаат во Обединетите Арапски Емирати кои им посакаа добредојде на хуманитарна основа, соопшти денес Министерството за надворешни работи на ОАЕ.
“Министерството за надворешни работи и меѓународна соработка на ОАЕ може да потврди дека Обединетите Арапски Емирате им посакаа добредојде на претседателот Ашраф Гани и неговото семејство во земјата”, се наведува во соопштението.
Гани пред 3 дена го напушти Кабул откако Талибанците ја презедоа контролата над градот. Тој бил снимен како се качува во авион и си заминува, но досега не било јасно каде се наоѓа.
A video showing Ashraf Ghani leaving Kabul.. pic.twitter.com/cTZ1Ojrdwm
— Sami Abraham (@samiabrahim) August 15, 2021
Според првичните најави тој наводно трган во Таџикистан, но летот се пренасочил во Оман, бидејќи не му било дозволено да слета на аеродромот во Душанбеу.
После тоа слетал во Дубаи, каде му бил одобрен азил. Поединечни светски медиуми тврдат дека Гани со себе понел 169 милиони долари.
Меѓутоа, дел од парите морал да ги остави, бидејќи не успеал сите да ги понесе во авионот.
Според Дејли Меил, четири автомобили биле полни со пари. Дел од нив се обиделе да ги внесат во еден хеликоптер, а дел од парите останале на плочникот кај хангарот.
Да се потсетиме дека после заминувањето од Кабул, Гани се обратил на Фејсбук каде напишал дека си заминал од земјата со цел да одбегне крвопролевање.
После влегувањето на Талибанците во Кабул, започна масовниот егзодус на населението, кога илјадници заминале на аеродром со надеж за бегство од земјата.