Банкарскиот гигант Кредит Свис со години им отворал сметки на автократи, дилери на дрога, осомничени за воени злосторства и трговци со луѓе, открија во неделата неколку светски медиуми.
Информациите за ова на германскиот весник Зидојче Цајтунг ги дал свиракач, а потоа е покрената и истрага „Швајцарски тајни“ која ги открива сопствениците на 100 милијарди швајцарски франци (109 милијарди долари, 96 милијарди евра) кои се држат во тајна институција со седиште во Швајцарија.
Зидојче Цајтунг, британски Гардија и Њујорк Тајмс беа меѓу 40-тината медиумски организации вклучени во истрагата во рамки на Проектот за известување за организиран криминал и корупција (OCCRP).
Што откри истрагата „Швајцарски тајни“?
Медиумите анализираа податоци за 30.000 клиенти на Кредит Свис кои протекоа во оваа истрага. Сметките се отворани во периодот од 1940-та па до изминатото десетлетие. Повеќе од две третина се отворени по 2000 година, а многу постојат и денеска. Меѓу разоткриените се трговец со луѓе осуден на Филипините, шеф на берзата во Хонг Конг затворен поради мито и египетски милијардер кој нарачал убиство на својата девојка, либанска поп ѕвезда.
Меѓу останатите клиенти се и бројни шефови на држави и влади, министри, разузнавачи, како и олигарски и претприемачи со сомнителни репутации, пишуваат медиумите. Германскиот весник пишува дека меѓу податоците наведно е и името на поранешниот менаџер на Сименс кој во 2008 година е осуден за мито. Наведно е дека има шест сметки.
На една од сметките на поранешниот менаџер на Сименс од 2006 година имало имот вреден над 54 милиони швајцарски франци (моменталниот износ вреди околу 51.55 милиони евра), износ за кој медиумите тврдат дека не можел да биде последица на неговата плата во Сименс.
Протекувањето открива и тајни сметки кои ги имал јорданскиот крал Абдул II, поранешниот заменик на ирачкиот премиер Ајад Алави, алжирскиот автократ Абделазиз Бутефлика и поранешниот ерменски претседател Армен Саркисјан.
Саркасјан поднесе оставка на местото претседател во јануари, кратко откако Зидојче Цартунг го контактираше и се распрашуваше за неговите сметки во Кредит Свис. Поранешниот претседател рече дека ги затворил сите сметки пред задолжителното пријавување на својот имот.
Банката не успеала целосно да ги истражи сомнителните клиенти
Протекувањето на информациите укажува на пропуст на Кредит Свис во проценката и одбивањето на соминителни клиенти и оние кои ракуваат со илегални средства. Зидојче Цајтунг извести дека измамниците можеле да отворат сметка или да водат сметки дури и „дека одамна банката можела да знае дека има работа со криминалци“
Новинарите разговарајќи со неколку поранешни вработени во банката објасниле дека постоела „многу токсична корпоративна култура во банката која ги поттикнувала да преземаат ризици за да ја зголемат добивката и бонусите“, пишува OCCRP на својата веб страница.
Поранеѓните вработени рекле дека тоа довело до култура на две групи правила за две групи клиенти: богати и ултрабогаати. Свиркачот, чие име им е познато само на новинарите истражувачи, ја опиша швајцарскат абанкарска тајна како „неморална“.
„Претворање на заштитата на финансиската приватно само е лист од смоква која ја покрива срамотната улога на швајцарската банка како соработник на затајувачите на данок“, рече свиркачот.
Банката ги негираше наводите на новинарите
Кредит Свис во неделата жестоки ги отфрли обвинувањата, велејќи дека истрагата се темели на „нецелосни, неточни или селективни информации извлечени од контекст, што доведува до тенденциони толкувања на работењето на банката“.
Швајцарија долго време беше една од најнепрозирните светски финансиски центри. Но земјата во последните година дена настојуваше да го отстрани својот имиџ за затајување на данок, перење на пари и проневера на државни средства.
Швајцарските банки разменуваат информации за сопствениците на сметки со бројни земји, но не и со некои од најсиромашните и најкорумпираните земји. Истрагата покажа дека голем број од купувачи во податоците на „Швајцарски тајни“ доаѓаат од Венецуела, Египет, Украина и Таџикистан.
Кредит Свис беше вплеткан во десетина скандали во последните две децении и плати повеќе од 10 милијарди долари казни. Овој месец банката стана прв голем швајцарски заемодавач кој се соочи со казненеи пријави поради тоа што им помогнала на бугарскиот наркокартел во перењето на пари. Кредит Свис ги отфрли обвинувањата.
Минатиот месец банката го загуби претседателот Антони Хорт-Осори откако два пати ги прекрши правилата за ковид-19.