Откриена тактиката на Бил Гејтс: Зошто милијардерот пристигнувал со Мерцедес на работа, а заминувал со Порше?

Бил Гејтс на работа доаѓал со автомобил од марката Мерцедес, а еден час подоцна заминувал во златно Порше, што било тактика за средби со други жени додека бил во брак, тврдат негови соработници.

Поршето му го довезувал асистентот, по што Гејтс „исчезнувал од канцеларијата“, вели еден од работниците на Мајкрософт за „Vanity Fair“ и додава дека сите претпоставувале дека тоа го прави „кога оди да се гледа со други жени“.

Тој додал и дека Гејтс често одел на состаноци кои не биле дел од неговиот официјален распоред.

Инаку, вработените во Мајкрософт морале да потпишат договори за тајност со кои им било забрането да зборуваат за начинот на кој Гејтс управува со компанијата.

Сепак се чини дека, сега веќе поранешната сопруга на Бил, Мелинда, дознала за гласините за неговите афери, а како што велат лица блиски до парот, напнатоста помеѓу нив траела долго време. Наводно, Бил и Мелинда со години живееле одвоено, а одлуката за развод била одложена сè додека нивната најмлада ќерка не заврши средно училиште.

„Times“ пишуваше дека Мелинда во 2018 година била незадоволна од тоа како Бил се поставил кон обвиненијата за сексуално вознемирување на свои долгогодишни работнички во компанијата, поради што најмила приватни детективи.