ОТКРИЕНА ТАЈНАТА ЗА ЛИКВИДАЦИЈАТА НА ГОЛЕМ БРОЈ РУСКИ ГЕНЕРАЛИ – “Властите од САД се вмешани во се!“, дали ова може да доведе до ескалација на војната !?

Соединетите Држави ѝ дадоа на Украина разузнавачки информации кои им помогнаа на украинските сили да убијат многу руски генерали убиени во војната, објави Њујорк Тајмс, цитирајќи висок американски функционер.

Њујорк Тајмс пишува дека дел од тајните напори на администрацијата на Бајден биле да и обезбеди на Украина разузнавачки информации во реално време на бојното поле.

Google search engine

Високи функционер од САД тврди дека Соединетите Американски Држави (САД) и дале разузнавачки информации на Украина, кои ѝ овозможиле да лоцираат и убијат многу руски генерали за време на 71-дневната руска инвазија на нејзината територија, пишува NewYork Times.

Вашингтон, наводно, ѝ доставил на Украина детали за очекуваните движења на руските трупи и локацијата, како и други детали за мобилниот воен штаб на Русија, а Украина ја комбинирала таа помош со сопственото разузнавање за да изврши артилериски и други напади во кои биле убиени руски офицери .

Разузнавањето вклучува и очекувани движења на руските војници собрани од неодамнешните проценки на САД за тајниот план на Москва за борба во регионот Донбас во источна Украина, изјавија официјални лица.

Украинските власти соопштија дека убиле околу 12 руски генерали на бојното поле. Официјалните лица одбија да прецизираат колку генерали биле убиени како резултат на помошта од САД, објави Њујорк Тајмс.