Откриена е „Балканска соба“: Над 36 илјади членови споделуваат експлицитни фотографии од жени

Откако во Македонија изби скандалот со „Јавна соба“, група на социјалната мрежа „Телеграм“ на која се споделуваа експлицитни фотографии на девојки од земјава, во соседна Србија е откриена слична група со членови од целиот Балкан.

Во групата членуваат околу 36 илјади лица од целиот Балкан, а секојдневно се споделуваат експлицитни фотографии, видеа, но и домашни адреси од жени во Србија и пошироко.

Google search engine

За постоењето на оваа група, слична на македонската „Јавна соба“ дознале неколку српски медиуми, по што истата била избришана.