Откриена досега непозната снимка од Чарлс и Дајана – го прашале принцот дали ја сака, а неговиот одговор е најболната шлаканица…

Дека животот на принцезата Дајана можеби бил потрагичен од тоа што го знаеме, дека поголемиот дел од тоа што јавноста го виде и го знае за Чарлс било лага – докажуваат новооткриените снимки од веридбата на парот.

И покрај тоа што снимката датира од 1981 година, дури сега се појави во јавноста, а подобро и од било што досега го отсликува напнатиот однос меѓу принцезата и Чарлс.

Реклама

Ова е една од ретките ситуации на кои што незадоволството на принцезата од Велс е очигледно и во која што не се трудела да го сокрие, пренесува „Daily Mail“.

Имено, на младиот пар му било поставено прашањето „дали се сакате меѓусебно“, и додека Лејди Ди одговорила „секако“, Чарлс одлучил да даде поинаков одговор: „што и да значи љубовта“, прокоментирал тој, по што низа непријатни емоции се отсликале на лицето на принцезата.

Видеото секако дека е монтирано и исечено така што јавноста не го слуша коментарот на Чарлс, но необработените снимки емитувани биле во неделата на телевизијата „Channel5“.

Експертите за кралското семејство тврдат дека тоа е „шокантно“ и „неверојатно“.

„Изразот на нејзиното лице е речит. Никогаш претходно не сум видел таа толку јасно да покажува незадоволство пред камерите, тоа е одлична снимка“, вели историчарот за кралското семејство Пирс Брендон.

Од друга страна Ричард Кеј додал дека тишината меѓу нив по кажаниот коментар е морничава:

„Всушност може да видите како згасна сјајот во нејзините очи. За неа тогаш цел свет се сруши“, вели биографот на Дајана – Ендрју Мортон.

Реклама