Откриен тајниот план на принцот Чарлс: Еве што планира прво да направи откако ќе ја наследи круната – Кејт и Вилијам тоа тешко ќе го поднесат

Кога ќе седне на тронот, ќе следат некои значајни промени, тврдат британските медиуми.

Тајниот план на принцот Чарлс протече во британските медиуми. Како што пренесува „Daily Mail“ по смртта на кралицата имотот ќе биде достапен за јавноста, а сите оние кои ќе сакаат ќе можат да прошетаат во него.

Освен тоа, Чарлс размислува и за претворање на омилениот кралски дворец Балморал во музеј кој ќе биде посветен на неа, но и селење на принцот Вилијам и војвотката Кејт Мидлтон во дворецот Виндзор.

Исто така, не сака да ја задржи резиденцијата Беркшир поради нејзината близина до пистата и преголемата врева која ја создаваат авионите.

„Имотот е една од првите работи на списокот кои ќе ги уреди откако ќе го преземе престолот. Второто прашање по смртта на кралицата ќе биде тоа како ќе ги распореди недвижностите на двете генерации.

Чарлс верува дека секој треба да живее во посебни резиденции. Исто така цврсто верува дека мора и на јавноста да ѝ даде можност на пристап до палатата. Сите знаат дека нема смисла да се има толкава резиденција, но доколку во целост се откаже принцот Џорџ и неговите браќа нема да имаат каде да живеат“, потврдил за „Daily Mail“ близок пријател до Чарлс и додал дека принцот се соочува со стресни дипломатски задачи .