Коронавирусниот сој, откриен во Индија, го проучуваат научници ширум светот, но сè уште не е познато колку е распространет и дали предизвикува смртоносен втор бран во Индија, иако се знае дека има сличности со Бразил и Јужна Африка.
Вирусите мутираат и прават различни видови, повеќето се незначителни, некои видови се дури и помалку опасни, но некои можат да бидат и поопасни и заразни, па дури и да ги прават вакцините помалку ефикасни, пренесува Би-Би-Си. Индискиот сој, наречен Б1617, првпат беше откриен во октомври во Индија.
Не е познато колку брзо се шири затоа што не се направени доволно анализи. Откриен е во 220 од 361 примерок собрани меѓу јануари и март во западно индиската држава Махараштра.
Во меѓувреме, откриен е во уште 21 држава. Патниците најверојатно го донеле индискиот вид во Велика Британија, каде биле откриени 103 случаи на Б1617 од 22 февруари, па затоа на повеќето патници од Индија им било забрането да доаѓаат во Велика Британија.
Британската служба за јавно здравје го класифицираше индискиот вид како „еден од мутираните видови на ковид под истрага“, но досега не го смета за доволно сериозен за да се класифицира како вид на загриженост. Научниците сè уште не знаат дали оваа варијанта е позаразна или поотпорна на вакцини.
Џереми Камил, вирусолог од Државниот универзитет во Луизијана, вели дека една од неговите мутации е слична на оние што се забележани во јужноафриканските и бразилските соеви. Токму оваа мутација може да му помогне на вирусот да избегне антитела на имунолошкиот систем, создадени од вакцина или коронавирус.