По најмрачниот период во кариерата и во животот, Алек Болдвин и неговата сопруга Хиларија очекуваат седмо дете.
Хиларија ја потврди среќната вест на Инстаграм, каде објави видео на кое таа и Алек си играат со нивните 6 деца, а под истото напишала:
„По многу подеми и падови во изминатите неколку години, имаме возбудлив подем и големо изненадување: уште еден Болдвинито доаѓа оваа есен. Бевме прилично сигурни дека нашето семејство е комплетно, но сме и повеќе од задоволни од ова изненадување. Го споделувам со вас моментот кога им кажавме на децата – како што гледате, многу се возбудени“.
View this post on Instagram
Парот за среќните вести зборувал и за „People“, истакнувајќи дека едвај го чекаат раѓањето на детето.
„Една од најубавите работи која ја искусија нашите деца во големо семејство е како љубовта може да расте со секој нов член. Нашиот капацитет да сакаме продолжува да се шири и едвај чекаме да го прегрнеме нашето ново малечко оваа есен“, додале Алек и Хиларија.
За потсетување, актерот во октомври минатата година проживеа вистински пекол кога случајно ја усмрти колешката од сетот на филмот „Rust“, кога во пиштолот кој бил реквизит, имало вистински наместо лажни куршуми. Истрагата е се уште во тек.