Откако ќе затворат кафулињата, масовна раздвиженост на плоштад и трговските центри

Во петокот на сила стапија новите ковид мерки со цел да се запре ширењето на вирусот во претстојниот празничен период.

За време на викендот откако во 18 часот ќе се затворат угостителските објекти, граѓаните ги посетуваат трговските центри или пак плоштадот „Македонија“.

Реклама

Голем број на граѓани викендов беа  присутни на плоштадот, па речиси дека е и невозможно да се одржува дистанца од најмалку два метри.

Голем број на граѓани присутни на плоштадот, па речиси дека е и невозможно да се одржува дистанца од најмалку два метри.

Покрај плоштадот викендов масовност била забележана и во еден трговски центар, каде интервенирале и екипите на инспекторатот.

На видеата споделени на социјалните мрежи се гледа дека едвај се води грижа да се држи растојание, една од клучните анти-ковид мерки. На интернет се споделува и видео на кое може да се забележи дека музичка група во живо ги забавувала посетителите.

Новите мери се на сила од 18 декември, а ќе важат до 20 јануари.

Реклама