ОТИДОВМЕ НА ПЛАЖА И СЛУЧАЈНО ГО ПОКАЖАВМЕ ЗНАКОТ НА СВИНГЕРИТЕ: Не знаевме што ни се случи, сите беа толку фини со нас! ВИДЕО

Една жена сподели интересна ситуација во видео на социјалните мрежи што нејзе и нејзиниот сопруг се случило на плажа.

Имено, сите на плажата биле исклучително симпатични со оваа двојка, сето тоа затоа што биле облечени во костими за капење кои им сигнализирале на луѓето дека се свингери. Тоа е мотив од ананас.

Google search engine
@lindajeanw #stitch with @ursweetmadness ♬ Into The Thick Of It! – The Backyardigans

Луѓето околу нив беа малку претерано љубезни и ништо не им беше јасно на Линда и нејзиниот сопруг. Беа на одмор и во блажено незнаење мислеа дека тоа е средина полна со драги странци.

Сфаќајќи ја вистинската вистина, прво немирно се погледнале, а потоа почнале да се смеат до солзи.

– Мислеа дека сме свингери затоа што го оставивме тој впечаток поради нашите костими за капење на тема ананас – рече таа на TikTok, но не објасни како дознале што е тоа, дали некој им пришол и им понудил групен секс или тоа го слушнале од некој.

ananas, svingeri

Имено, во свингерските кругови ананасот е симбол на желбата за промена на партнерите, а доколку се стави пред домот, тоа е знак дека свингерската забава е во тек.

Свингерите носат облека и модни додатоци со мотив од ананас како знак на идентификација во јавноста.

Нејзиното видео во кое ги покажува костимите за капење кои ги носеле на плажа, за само неколку дена собра повеќе од 4,3 милиони прегледи.

Многумина беа изненадени од оваа информација бидејќи никогаш не слушнале дека ананасот е поврзан со свингер. Некои веруваат дека требало да изберат друг знак, а не ананасот.

-Требаше да одберат нешто малку понејасно, преслатки се работите од ананас – напишал некој.

Линда со еден коментар напиша дека сега „навистина сака да ја истражи причината зошто ананасот е знак на свингери“.

Едно лице напишало дека „тоа е затоа што овошјето порано било знак на богатство и гостопримство“, пренесува Mirror.